|
Ова е web сајт кој ќе ве информира за сите информации што би требало да ги знае секој кој што се занимава со пчеларство или пак допрва планира да започне да се занимава со оваа работа. Многу информации на едно место. Информации кои нема да ги најдете на ниту едно друго место освен на овој сајт. Најнови вести за и во врска со пчелите и пчеларството... болести кај пчелите и лечење на истите, потребна опрема и ред други занимливости. Бидете во тек со сите информации кој му се потребни на еден пчелар. Бидете во тек со сите најнови информации кај нас и во светот во врска со пчелите и пчеларството. Едноставно бидете наш редовен посетител и точно и навремено информирајте се за сите најнови информации. Исто така испраќајте Ваши мислења, предлози, фотографии и се друго поврзано со пчеларство. Македонскиот мед привлечен за јапонските компанииКомпанија од Јапонија е заинтересирана за пласман на македонскиот мед на јапонскиот пазар. Неколкучлена делегација и сопственикот на компанијата „Јамада би фарм” Хидео Јамада вчера го посети Прилеп, заинтересирани да ја испитаат можноста за увоз на македонски мед во Јапонија. Тие се задоволни и сакаат својот интерес да го прошират на другите пчелни производи, но и на лековити билки и растенија.
Според сопственикот на компанијата Јамада, македонскиот мед е природен и чист и се надева дека Јапонците ќе сакаат да го купат. Ќе се земат примероци од медот и од другите пчелни производи и ќе се анализираат во Јапонија. Зафир Зафироски, претседател на прилепското здружение на пчеларите „Братстство” истакнува дека Македонија има лимитирано, но квалитетно производство на мед, зашто медот е еколошки чист. Од прилепскиот дел годишно се произведуваат околу 300 тони мед. Основен проблем на пчеларите им е е пласманот. Многу ќе значи, вели Зафировски, доколку се оствари соработката со јапонската фирма и да се овозможи извозот на медот на далечниот источен пазар. Јапонската компанија постои од 1948 година и е со годишен обрт од 500 милиони долари. Извор: denesen.mk МЕДОТ КАКО ЛЕК Како еден од најпознатите и најдобрите природни производи, медот има хранлива вредност, содржи витамин Б6, калциум, бакар, железо, манган, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, цинк. Се поврзува со антиоксидансите и му помага на телото да ги апсорбира и да ги задржи калциум и магнезиум, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Како лек Многу култури го користат медот за медицински цели, а има докази дека медот го одржува здравјето на човечкото тело и го чува во добра состојба во текот на целата година, велат научниците од Универзитетот во Орегон. Во некои ориентални култури медот се става во чај за намалување на лошиот холестерол. Ја олеснува болката во грлото, го поттикнува полесно варењето на храната и многу го користат за лекување на настинка, дијареа и гастритис. Косата Медот содржи природни супстанции кои ја прават бујна, и е многу корисна алатка за регенерација на сува и оштетена коса. Додавање мед на кој било препарат за вашата коса ја зголемува ефикасноста на овој препарат, затоа што медот ја омекнува косата и овозможува побрз продор на препаратот во неа. За да се зголемат еластичноста и мекоста на косата, се меша мед со пакување за нега на вашата коса. Помешајте го со маслиново масло и вашата коса ќе добиете неверојатен сјај. Освен тоа ќе можете со леснотија да ја расчешлувате и да правите било каква флизура. А мешавината од мед и лимон може да се користи за природен сјај на косата, која притоа нема да се оштетува. За кожа Во древните култури било вообичаено да се користи медот за капење. Клеопатра мешала мед и млеко и се капеле во него за нејзината кожа да биде мека и кадифена а го користела и за лицетозатоа што природно ја хидрира кожата. Го мешала со ореви, со цел да направи пилинг, за да ги отстрани мртвите клетки од кожата. Кога медот се меша со сок од свежи кајсии се добива одличен лосион кој на кожата и го враќа сјајот. Помешан со пченкарен скроб се користи за отстранување на бубулици и мали инфекции на кожата. Антибактериско дејство Медот природно ја намалува киселинтаа и ги убива бактериите кои можат да се населат во устата. Кога се меша со цимет, го елиминира лошиот здив, и се користи за лекување на благи болки во забот. Поради своите антибактериски ефекти, може да се користи за лекување на изгореници предизвикани од сонце, осип и други помали иритации на кожата. Исто така ја смирува кожата и е добар сојузник во борбата против стареењето. Добар е за лекување на рани, посекотини, помага при регенерирање на ткивото и ги намалува лузните. СУБВЕНЦИИ ЗА МАТИЦИ По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, субвенциите за набавка на максимум 10 матици во 2012 година ќе изнесуваат 500 денари ( за разлика од досегашните 350 денари). Повеќе информации ќе може да добиете на страната на apicentar.com.mk или на 078/442-035 (Илија Петровски) Внимавајте каков мед купуватеОсвен вода, медот содржи и инвертни шеќери, сахароза, декстрин, минерали, витамини, хормони, јаболкова, лимонска, мравја, оцетна и килибарска киселина.  Сите видови мед не се исти по состав, вкус ниту пак по арома, па добро е при купувањето да се знаат некои правила.
Најпрвин треба да се препознае дали медот е природен и квалитетен, или пчелите го направиле од шеќерен сируп. Доволно е во медот да ставите чепкалка за заби и да ја кренете. Ако од чепкалката тече непрекината нишка, медот е природен. Ако нишката мед се прекинува, т.е. ако капе, подобро е да не го купувате.
Многумина избегнуваат да купат зашеќерен мед, сметајќи дека е вештачки. Ова е голема заблуда - природниот мед секогаш, порано или подоцна, се зашеќерува, особено ако стои на ладно. Во некои земји купувачите бараат исклучително кристализиран мед. Доколку тоа, сепак, ви пречи, медот повторно ќе стане течен ако теглата ја ставите во тенџере со вода која постепено ќе ја загревате (но никако над 36 Целзиусови степени).  Различните видови цветен мед, како што се багремовиот, сончогледовиот и слично, обично содржат околу 12 до 13 различни минерални состојки, додека мешаниот мед може да има и до 30. Медот со потемна боја е побогат со минерали, особено со железо, бакар и магнезиум.
Некои видови мед, како што се багремовиот и медот од жалфија, потешко се зашеќеруваат. Затоа, ако купувате поголеми количини кои треба подолго време да стојат, определете се за еден од овие видови.
Медот е производ што може со години да стои, но сепак може и брзо да се расипе - ако се чува неправилно. Бидејќи лесно впива влага, медот треба да се држи на суво место, во добро затворена стаклена тегла, во лимен или во емајлиран сад со чист капак. Без разлика за кој вид мед ќе се одлучите, важно е постојано да го имате вклучено во својата исхрана. Извор: www.idividi.com.mk
ОКСАЛНА КИСЕЛИНА Оксалната киселина е откриена во 1776 година и во природата се наоѓа во многу билки. Најмногу ја има во какаото, чоколадата, кафето, јагодите, зрнесто овошје, мангото, компирот, цвеклото, спанаќот и тн. Оксалната киселина лесно се раствара во вода и како природен елемент се наоѓа во медот. Признаена е од Европската унија како препарат за “органско пчеларење“. Се користи во вид на спрејови, со испарување или со накапување. Најбезбеден начин на третирање е со накапување каде ефикасноста во пчелна заедница без легло е до 99%. Крлежот неможе да стане отпорен на oксалната киселина. Киселината ги оштетува органите за варење кај крлежот и тој умира од глад. Слаткиот раствор на оксална киселина не е опасен за човекот под услов да се превземат заштитни мерки. Обавезно при работа со оваа киселина да се носи маска, заштитни наочари, нараквици и заштитно одело. При рака стално да се има поголем сад со вода за измивање ако по некоја случајност киселината дојде во допир со кожата. Накапувањето со сладок раствор (шеќет, вода и оксална киселина) дава одлични резултати во борбата со вароата. Се нанесува со поголем пластичен шприц со кој можеме да ја контролираме количината на раствор што ќе го накапаме. Растворот се спрема на следниов начин: се загрева 0.6л. вода на температура од околу 40 степени и се додава 0.6 кг. шеќер во кристал (со овој сооднос ќе добиете приближно 1л. Сируп). Откако ќе се растопи шеќерот се додава 35 грама оксална киселина во прав и се меша се додека не се растворат кристалите од киселината. Се накапува по 5 мл. на една улица со пчели. Растворот мора да е млак (околу 37 степени). Не смее да се заборави дека за време на припремата на растворот и третирањето на пчелите обавезно да се носи заштитна опрема. Најдобро време за третирање со оксална киселина е кога веќе нема легло во заедницата и температурата на воздухот е 0-10 степени. Досега не се приметени несакани ефекти на пчелите при третирањето со оксалната киселина освен ако процентот на киселина во растворот е поголем од пропишаниот при што доаѓа до слабеење на пчелната заедница. ШЕЌЕРНО МЕДНА ПОГАЧА од пчеларот Никола Симитчиев -6-5,5 кг шекер во кристали 2 кг шекер во прав -2 лажици лимонов сок (чашка за ракија) -1-1,5 кг мед -1л.вода Еве и еден рецепт што е попривлечен за пчелите поради медот.1 литар вода во поголем сад се става да се згрее.се стават 2 лажици лимонов сок (или вински оцет) се истура во садот 6 кг шекер во кристали.Се замешува од време на време и се чека смесата да почне да врие (да се пази да не загори). Се остава да врие десетина минути и се трга настреана од огнот.Се става 1 кг. мед и се меша 2-3 минути.Потоа се додава постепено со мешање 2 кг.шеќер во прав.Се меша додека не се добие густа маса односно оладена на едно 40 степени и потоа се пакува во ќеси.Во зависност дали погачите сакаме да се помеки или поцврсти се мења односот на медот со шеќерот во кристали.Ако се додаде плус мед се одзема од шеќерот за да се добијат точно 10 кг погачи.Останатото е до вас кој што ќе пробате да го припремите и секако да ме искритикувате.
|