skip navigation

Размножување

Почетна / Пчеларење / Размножување
Размножување

РАЗМНОЖУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИ ДРУШТВА

Од јаките пчелни друштва одземаме по 1-2 рамки со легло во сите стадиуми на развој заедно со пчели. Притоа внимаваме да не ја пренесеме и матицата и ги ставаме во однапред припремени сандаци. Секое новоформирано друштво мора да добие најмалку по три рамки легло и две рамки со мед и полен. После 10-12 часа додаваме спарена матица или зрел матичњак. На местото на одземените рамки од јаките друства ставаме рамки со сотни основи. Оваа метода се применува најчесто после главната паша со цел да се спречи нагонот за роење. Ако ги размножуваме пчелните друштва покасно или кон средината на јули тогаш секое новоформирано друштво треба да добие најмалку 4 рамки со легло и пчели и две рамки со мед и полен. Во наредните десетина дена новоформираните друштва треба да се прихрануваат секоја вечер со 0,3 л. шекерен сируп или секоја втора вечер со 0,5 - 0,6 л. шеќерен сируп.

Од основното друштво ја одземаме матицата заедно со рамката на која е најдена и пчелите и ја ставаме во однапред припремен сандак. Од левата и десната страна ставаме рамки со сотни основи и на крај по една рамка со мед и полен кои ги земаме исто така од основното друштво. Останатите рамки со легло ги распоредуваме во два сандаци (отприлика по три рамки). Во овие новоформирани друштва додаваме по две рамки со мед и полен кои ги одземаме од сандаците на пчеларникот кои имаат повеќе мед. Сандакот во кој се наоѓа матицата го враќаме на старото место. Сите стари пчели ќе се вратат во овој сандак и за брзо време ќе ги изградат сотните основи за да и направат место на матицата за полагање јајца. Новоформираните друштва ги поставуваме на нови места на пчеларникот и после 10 - 12 часа или наредниот ден додаваме спарена матица или зрел матичњак. Сите три друштва, во наредните 10 дена ги прихрануваме со шеќерен сируп.

Пелетов начина на размножување. Со овој начина на размножување воопшто не се губи снагата на основното друштво.

Кога пчелната заедница е доволно развиена, се преместува една рамка на која е матицата во празен спрат и се поставива на подницата на истото место. Празниот простор се исполнува со празни изградени рамки или со рамки во кои сме вградиле сотни основи. Над ова спратче ставаме матична решетка. Над матичната решетка го ставаме празното медиште (со рамки) и над него старото плодиште со сите рамки и плус една рамка со изграден сот на местото на одземената рамка. На ова горно спратче ќе отвориме лето. После 24 часа во горното плодиште ставаме зрел матичњак. Кога ќе излезе матицата ќе се оплоди низ летото што го отворивме.

За три недели сето легло од старата матица ќе излезе. Новото легло од новата матица ќе биде додатна снага на друштвото. Откако поголемиот број на рамки во горното спратче ќе бодат занесени со легло, можеме ова спратче да го преместиме на ново место на пчеларникот. Поголем број на пчели излетнички ќе се вратат на старото место така да основната заедница воопшто нема да изгуби на снага.

Со овој начин на размножување сме го сузбиле нагонот за роење бидејки старата матица има доволно простор за несење а бидејќи сите пчели се цело време во сандакот и приносот на мед не сме го изгубиле. Значи ќе имаме мед за цедење а и бројот на пчелни семејства сме го зголемиле за 100%. Ако ова сме го направиле порано во пролет, можеме постапката да ја повториме уште еднаш во сезоната.


МАТИЦАТА И ПРИНОСОТ

МАТИЦАТА И ПРИНОСОТ

Во старата литература се препорачува одземање на матицата пред главната паша за зголемување на приносот во пчелното семејство. Речиси било правило да се одзема матицата пред главната паша. Еве што кажува науката за присуството на матицата во пчелното семејство (п.с.) за време на главната паша.

Присуството на матицата во п.с. битно влијае за време на медоберот. При отсуството на матицата во п.с. е на важен фактор за успешно искористување на пашата. При отсуство на матицата во п.с. се забавуваат а потоа и целосно престануваат основните функции како што се: лачењето на восок и градењето на сотови, одгледување на легло, собирање на нектар и полен и нивна преработка. Со појава на матицата во п.с. се обновуваат сите функции во п.с.

Научниците детално го изучиле влијанието на матицата и леглото врз интензитетот на искористување на пашата. Се разликуваат 4 карактеристични периоди од одземањето на матицата до воспоставување на нормална состојба во п.с.

Првиот период започнува од моментот на одземањето на матицата и завршува со почетокот на градењето на матичниците. Овој период кратко трае. После 30-50 мин од одземањето на матицата, пчелите започнуваат со изградба на матичници врз ларви со различна старост. Карактеристично за овој период е наглото паѓање на внесот на храна во п.с. за околу 65% (Пчелите внесуваат само 35% од внесот на храна во нормално п.с.

Вториот период започнува од почетокот на градење на матичниците до испилување на матицата. Времетраењето на овој период е од 9-12 дена, зависно од тоа дали се испилила матица од матичник изграден врз помлада или постара ларва (3 дена јајце + 1 ден ларва + 12 дена = 16 дена или 3 дена јајце + 4 дена ларва + 9 дена = 16 дена). По започнување на изградбата на матичникот пчелите го зголемуваат приносот на храна но не го достигнуваат нивото што го имаат п.с. со матици. Овој период се карактеризира со намалување на количината на одгледано легло и намалена активност во собирање на храна. Приносот на храна во п.с. без матица е за 25% помал отколку во п.с. со матица.

Третиот период започнува со испилувањето на матицата од матичникот и завршува со занесувањето на првите јајца по спарувањето. Овој период трае околу 14 дена. Се карактеризира со намалување на работноспособноста на пчелите и намалување на собирањети на храна за околу 60% (внесот на храна е 40% од контролните п.с. со матица).

Четвртиот период започнува со појавата на јајца од новата оплодена матица и трае од 12 до 18 дена. Се карактеризира со тоа што пчелите се однесуваат како новоформиран рој и зголемено внесување на храна во кошницата за 155%.

По завршување на овој период внесот на храна нагло се намалува и е понизок од нивото на принос во храна од контролираните п.с.

Со повеќегодишно испитување е утврдено дека отсуството на оплодена матица во п.с. за време на главната паша доведува до намалување на продуктивноста во мед за околу 42%. Заменување на матицата со зрел матичник за брзо време го враќа п.с. во нормална состојба. П.С. на кои им е одземена матицата работат со намален интензитет 27 дена а со замена на зрел матичник 18 дена.

Врз основа на досега кажаното можеме да закључиме: за време на главната паша не треба да се одзема ни да се заменува матицата во п.с. Подобро е замена да се врши пред главната паша така да на почетокот на пашата имаме млада и квалитетно оплодена матица.

Врз продуктивноста на п.с. освен присуството на матицата важно место зазема и староста на матицата и нејзиниот квалитет.
П.С. со едногодишна млада матица собрале околу 42% а со двегодишна матица околу 20% повеќе мед отколку п.с. со тригодишна матица.

Пчелар: Китанчев Ице – Охрид
ЗАМЕНА НА МАТИЦИ

ЗАМЕНА НА МАТИЦИ

Новата оплодена матица се полива со мед и се става на летот пред влезот во кошницата. Бидејќи крилата и се залепени со мед таа не мозе да полета. Набрзо пчелите ќе ја опкружат и ќе почнат да ја чистат од медот и полека да ја туркаат во внатрешноста на сандакот. Ако ова се направи касно попладне пред стемнување, рано наутро ќе ја видиме старата матица убиена пред влезот на летот или на земја. Понекогаш се случува пчелите старата матица да ја исфрлат после два дена.

Помеѓу две рамки се става зрел матичњак направен од најпродуктивната заедница по вештачки пат при што старата матица не се отстранува. Кога ќе излезе новата матица ја убива старата или некое време може да се забележат две матици. Матичњакот се става во коса положба за покасно да имаме преглед дали матицата е изведена при што долниот дел е правилно отклопен или е убиена при што матичњакот е изгризан. Ако пцелите не ја примиле младата матица тоа е знак дека старата матица сеуште е добра и продуктивна. Овој метод успева во 80% случаеви.

Термини

Ако сме го обезматичиле најдоброто друштво на 10 јуни тогаш на 19 јуни ги одземаме матиците од оние друштва на кои сакаме да извршиме замена. На 20 јуни додаваме по еден до два матичњаци во секое обезматичено друштво. Препорачливо е предходно да се направат неколку нуклеуси како резерва бидејќи некоја од матиците може да настрада при спарување па тогаш додаваме матица од нуклеус која во меѓувреме е веќе спарена.

Додавање спарена матица на безматично друштво

Према туѓата матица најсурови се старите пчели. Тие се тие кои најчесто го оневозможуваат приемот на новата матица. Затоа старите пчели се отстрануваат па во нивно отсуство се овозможува многу подобар прием на матицата. Старите пчели ќе ги отстраниме на следниов начин:

Безматичното друштво кое одбива да прими матица го преместуваме на ново место на пчеларникот и тука го оставаме 7-10 дена а старото место го оставаме празно или ставаме послабо друштво кое значително ќе се појача со старите пчели кои при враќањето ќе влегуваат во него. Следниот ден на друштвото без матица му додаваме две рамки со легло и пчели па помеѓу нив го ставаме кафезот со матица.

размножување матици

Едноставен начин за размножување матици

Се одбираат две друштва А и Б. Друството на постољето А ќе произведува матичнјаци. По убаво и сончево време кога пчелите убаво работат од друштвото А се зема една рамка со легло, пчели и матица и се става во друг однапред спремен сандак. Сандакот А кој сега е без матица, се става на постољето од сандакот Б а сандакот кој бил на ова место да му се одреди ново место на пчеларникот. На постољето на сандакот А се става сандакот со матицата. Таа ќе ги добие пчелите од преместениот сандак.

На постољето Б друштвото без матица ќе ги прими пчелите од претходниот сандак. Ова друштво ќе гради матичњаци.

Сега од другите друштва се земаат рамки со легло без пчели се ставаат во сандакот на постољето А. На местото на одземените рамки се ставаат рамки со сотни основи.

После 9 дена друштвото на постољето Б (кое гради матичнјаци) се дели на нуклеуси водејќи сметка секој да добие по еден до два матичнјаци. Овие нуклеуси се ставаат на нови места на пчеларникот.

Бидејќи сега сандакот од постољето Б е празен може да го однесеме кај сандакот А и повторно да земеме рамка со легло, матица и пчели и да се повтори постапката.

Оваа постапка може да се повторува секои 9 дена само треба да се пази да не ослабнат помошните друштва од кои се земаат рамки со легло. За цело време друштвата а посебно нуклеусите и друштвото што произведува матичнјаци треба богато да се прихрануваат.


ПРОИЗВОДСТВО НА МАТИЦИ

ПРОИЗВОДСТВО НА МАТИЦИ (по Шливич)

Еве еден лесен и едноставен начин за добивање матици.

Во еден празен сандак ставаме рамки со мед, полен и правилно изградени рамки. Потоа од одбрано пчелно семејство од кое сакаме да ги правиме матиците, ја земаме матицата или ја стресуваме во новиот сандак.

На сандакот поставуваме матична решетка. Над тој сандак, над матичната решетка го го поставуваме наставокот од каде што сме ја зеле матицата. Овие два наставци ги поставуваме на местото каде што беше сандакот со матицата. Матицата три дена ќе неси во празниот наставок. Четвртиот ден ја враќаме матицата во горниот наставок а на местото од матичната решетка поставуваме преградна даска на која отвараме помошно лето. Сите излетнички ќе се вратат во долниот наставок каде се нанесени јајцата а пчелите се обезматичени. Сега тука има добри услови да се извлечат квалитетни матичњаци на повеќе рамки со иста старост.

Со тие рамки на кои има матичњаци формираме нуклеуси или оплодњаци и добиваме повеќе квалитетни матици.

Васко Карадакоски


Изведување матици без пресадување ларви

Изведување матици без пресадување ларви

За оваа процедура потребни ни се две јаки пчелни друштва, едно ќе произведува ларви а другото ќе гради матичнјаци.

На друштвото кое произведува матични ларви му се одземаат сите рамки со отворено легло заедно со пчелите и на нивно место се ставаат рамки со затворено легло со пчели. Во средината на леглото се става рамка со сотна основа која треба да е зацврстена со три реда жица. Жицата се распоредува така да првата е на 2 цм. од сатоносецот, втората на 3 цм. од првата и третата на 5цм. од втората. По ставањето на сотната основа, друштвото треба да се прихрани со 1-2 литри сируп и со прихрана треба да се продолжи се додека има потреба од земање ларви. Во текот на ноќта младита пчели ќе го изградат сотот и матицата ќе го залегне во рок од 24 часа.

Четвртиот ден после ставањето на сотната основа во матичното друштво ја вадиме рамката и ја носиме во просторија или во сенка за да извршиме засекување-кроење на сотот.

Ако се засекува во цик-цак тогаш со остар топол нож се засекува под третата жица така да добиеме неколку висечки тријаголници или пак се засекува во полукруг така да пчелите имаат доволно простор да изградат квалитетни матичнјаци.

Бидејќи ларвите се спремни, на 24 часа пред додавањето на помошното друштво му се одзема матицата и во средината на леглото се прави простор за да се стави рамката со ларви. Штом добијат млади ларви пчелите веднаш ќе почнат со изградба на матичнјаци. Нормално, во друштвото не смее да има друго отворено легло.За пчелите да изградат матичнјаци во пристапен ред за исекување, другиот ден ги уништуваме сите матичнјаци кои се на несоодветно место и кои би ни сметале во понатамошната работа.

Матичнјаците во помошното друштво ќе созреат за 10 дена кога и треба да се одземат и да се сместат во нуклеуси или оплоднјаци кои се формирани пред 36-48 цаса и во кои ќе се изврши спарувањето на матиците.


САНИРАЊЕ БЕЗМАТАК

САНИРАЊЕ БЕЗМАТАК

Од друштвото кое е безматак во средината вадам онолку рамки колку што има нуклеусот кој ќе го додадам. Ако има вишок рамки ги вадам (без пчели) и ги додавам во другите друштва на пчеларникот или ги оставам во магацин. На парче картон на подовите ставам неколку чешниња издробен лук и во безматакот и во никлеусот. После пола саат ги отварам сандаците и сите рамки од нуклеусот по ист редослед ги префрлам во средина на безматакот. Ова друштво го оставам 4-5 дена да се организира и после тоа вршам проверка и средување на рамките. Овој начин успева 99%.