ПОГАЧИ
Шеќерна погача
- Во поголема шерпа се става 1/2 л. вода и се загрева. Кога водата ќе се загрее постепено се додава 2,5 кг. шеќер. На овој сооднос се додава 150 гр. квасец кој се раствара претходно во пола чаша вода и се додава на смесата пред да зоврие.
- Набрзо масата ќе почне да врие и со повремено мешање се остава да врие 2-3 мин... Пред да се истури смесата во калапи се додава сок од пола лимон. После 2-3 мин. вриење се зема мала количина и се става во тањирче за проверка.
- Се лади со мешање и откако ќе се излади ако не се лепи за прсти се истура во калапи од по 1 кг. Ако се лепи за прсти тогаш се продолжува времето на вриење. Откако ќе заврши вриењето шерпата се трга од оган и се става во друг поголем сад со ладна вода да се излади. Смешата при ладењето повремено се меша па откако ќе побели се истура во калапи.
Едноставна погача за јануар
- Во поголем сад ставаме 10 кг. шеќер во прав и на средина правиме длапка. Во длапката ставаме 1 кг. свеж квасец и го дробиме. Го оставаме квасецот да се растопи и да почне да расте. Кога квасецот е „готов“ го мешаме со шеќерот.
- Во оваа погача не додаваме ништо друго (вода, мед, лекарства). Оркако ќе добиеме еднолична смеса, ја делиме по 1 кг. и ја ставаме во најлон кеси. Пред да ја ставиме погачата на сатоносците, од горната страна отвараме отвор 10х10 цм. погачата не ја отвараме од долна страна за да не истече по улуците.
Пролетна збогатена погача
За оваа погача потребни се следниве состојќи:
- 10 кг. шекер во прав
- 200-300 мл. јаболкова киселина
- 150-200 капки јод
- сок од два лимони
- 15 таблети "Б" комплекс
- 200 гр. лук
- 0,5 кг. мед
- 2 таблети "линекс"
- 0,4 л. вода
- 500 гр. квасец
- Шеќерот се истура на маса и на средина се прави вдлабнување. Таблетите "Б" комплекс и "линекс" се толчат така да се добие ситен прав и се посипува по шеќерот. Лимоните се цедат и се истура сокот во длабнатинката од шеќерот. Лукот се гмечи што поситно и се става во шеќерот.
- Квасецот претходно се раствара со малку шеќер во прав и заедно со јаболковата киселина, капките јод и медот се помесуваат со шекерот. Смесата се меси се додека не се добие еднолична маса со густина на тесто за леб. Водата се додава ако тестото е премногу тврдо а ако е премногу меко де додава по малку шеќер во прав до саканата густина.
- Потоа се двојат топчиња од околу 1 кг. се ставаат во најлон ќеси и со сукало се развлекува до дебелина од 8-10 мм. Ќесите се заваруваат со домашен апарат за заварување ќеси и се редат на рамна и ладна подлога се до нивната употреба.
Шеќерно медна погача
- Во 4-5 кг. шеќер во прав се замешува 1 кг. мед претходно загреан до 40 степени. Смесата се меси до густина на тесто за леб. Се става по 1 кг. во ќеси и се развлекува до дебелина од 8-10 мм.
- Интересно е за оваа погача што никогаш не пука и пчелите во секоја прилика ја земаат со задоволство.
Шеќерно медна погача 2
- 6-5,5 кг шекер во кристали
- 2 кг шекер во прав
- 2 лажици лимонов сок (чашка за ракија)
- 1-1,5 кг мед
- 1л. вода
Еве и еден рецепт што е попривлечен за пчелите поради медот.
- 1 литар вода во поголем сад се става да се згрее. се стават 2 лажици лимонов сок (или вински оцет) се истура во садот 6 кг шекер во кристали. Се замешува од време на време и се чека смесата да почне да врие (да се пази да не загори).
- Се остава да врие десетина минути и се трга настреана од огнот. Се става 1 кг. мед и се меша 2-3 минути.Потоа се додава постепено со мешање 2 кг.шеќер во прав. Се меша додека не се добие густа маса односно оладена на едно 40 степени и потоа се пакува во ќеси.
- Во зависност дали погачите сакаме да се помеки или поцврсти се мења односот на медот со шеќерот во кристали. Ако се додаде плус мед се одзема од шеќерот за да се добијат точно 10 кг погачи.
Есенска погача
- 100 кг. шеќер во прав
- 25 кг. гликоза
- 5 кг. пекарски квасец
- 1 кг. лимонтус
- 3 кг лук
Квасецот се помешува со малку шеќер во прав и се остава да узрее. Лукот се мели или гмечи да дојде како каша. Се замешуваат сите состојки и откако ќе се добие еднолична маса се пакува во најлон кеси. Од дадените артикли се добива смеса со тежина од 135 кг.
Пролетна стимулативна погача
- 100 кг шеќер во прав
- 6 кг свеж пекарски квасец
- 1 кг млеко во прав
- 3 кг соино брашно
- 4 кг мед
- 4 л. вода
- 1 л. комова ракија
- 50 гр. лимонска киселина
Во издробениот квасец се додава 4 кг. шеќер во прав одземен од вкупната количина. Откако ќе се растопи квасецот ќе се добие смеса слична на растопена чоколада. Во оваа смеса се додава 3 л. вода и се се истура во поголем лонец со зафатнина не помал од 20 литри. Се вари на оган и за време на вриењето се отстранува пената. Се вари се додека не престане да се појавува пена. Со оваа постапка сме ги умртвиле гливичките од квасецот и сме добиле чист витамин Б кој е отпорен на вриење.
Две недели пред да почне постапката се зема 1 л. ракија во која сме ставиле околу 4 гр пелин. Пелинот и ракијата се покажаа како одлично биолошко средство против ноземозата.
Во смесата со квасецот, откако ќе се излади се става 4 кг. мед, лимонската киселина и ракијата.
Во поголем сад се истура шеќерот во прав, млекото во прав и соиното брашно па се меша на суво додека не се добие компактна маса. На оваа смеса се додава составот од лонецот и се меша додека не се добие маса со густина како тесто за леб. Се пакува во најлон кеси и се лепат со апарат за домаќинство залепење кеси. Се оставаат на ладно 4-5 дена и потоа се даваат во пчелните друштва.
(ракијата со пелин може да се додава и во шеќерен сируп но во количина од 0,5 литри на 100 литри сируп)
- 50 kg мелен шеќер
- 3 kg квасец
- 2.5 kg мед
- 1,5 kg лук
- 100 гр. фумагилин или друг лек
- 500 гр. млеко во прав
- 500 гр. соино брашно
- 1 kg цеден лимон
- 5-10 жолчки од јајца
- 10 таблети олиговит
- 1 l вода или по потреба
- 20 гр. по друштво биостимулатор
Квасецот се става во лонец во литар вода и се загрева за да се растопи. Пред да зоврие се додаваат и другите состојки. Со оваа смеса се меша шеќерот во прав. Ако тестото е тврдо се додава вода по потреба.
Рецептот го испрати Тони Јосифоски, пчелар од Охрид
ПОГАЧА - ЗАМЕНА ЗА ПОЛЕН
- 3 дела соино обезмастено брашно
- 1 дел пекарски свеж квасец
- 1 дел млеко во прав
- 3 дела шеќерен сируп ( два дела шеќер, еден дел вода)
- 1/4 жолчка од јајце
- 1/4 сок од лимон
Пекарскиот квасец се остава да се „растопи“ и со додавање на малку вода се загрева да врие 5 минути за да се уништат квасните гливички кои предизвикуваар вриење. Жолчката пред додавање добро да се измати. Откако сирупот ќе се олади се додаваат сите артикли и се меша се додека не се добие еднолична маса. Се пакува во кеси од по 0.5 кг и им се дава на пчелите како замена за полен. Секогаш треба да имаме во резерва малку шеќер во прав доколку погачата не добие соодветна цврстина, меѓутоа праксата покажува дека пчелите ја земаат побргу оваа погача ако е мека.
Пролетна прихрана со брашно
Во еден поширок сад се просејува брашно (најдобро сојино) до дебелина од 1 цм. Потоа со пумпица се попрскува со разреден мед (1 кг. мед и 0,2 л. млеко) така да се добие богата роса над брашното. Повторно се просејува брашно во дебелина од 1 цм., па пак се попрскува со мед и тоа трае се додека не се добие количина која е доволна за пчеларникот. Откако ќе завршиме со работата садот 24 часа го чуваме во просторија со температура од 25-30 степени. Другиот ден садот се остава во близина на пчеларникот на место кое е заштитено од дожд. Оваа смеса се дава како замена за полен во рана пролет. Во комбинација со шекерномлечен сируп пчелите ќе одгледаат богато легло иако во природата има малку полен и нектар.
Прихрана со шеќер во кристал
Ова прихранување се врши во летниот период кога ќе настапи беспашен период. Бидејќи матицата слабо полага јајца во беспашниот период ова прихранување со шеќер во кристал ќе прикаже кај матицата дека нешто меди во природата па таа несметано продолзува да неси јајца. Шеќерот се става во хранилката која на почетокот е премачкана со мед за пчелите побрзо да се навикнат да влегуваат во неа. Грабежот во овој случај целосно се спречува. Интересно е тоа што пчелите шеќерот го земаат само ако во природата нема паша. Ако во природата почне нешто да меди пчелите престануваат да го земаат шеќерот и се преориентираат на новодостигнатата паша. Значи некој вид нектарски барометар.
ТЕЧНА ПРИХРАНА
Пролетна прихрана за побујато легло и “појаки“ пчели
Потребни состојки:
- 8 л. вода
- 12 кг. шеќер во кристал
- 60 г. свеж квасец
- 10 таблети “Б“ комплекс
- една супена лажица јаболкова киселина
Во топла вода се раствара шеќерот и се додава јаболковата киселина. Откако ќе се растопи убаво шеќерот се додава свежиот квасец и се заедно оставаме да врие 5 минути со повремено мешање. Откако убаво ќе изврие шербетот, го тргаме од оган и го оставаме да се излади на собна температура. Апчињата со “Б“ комплекс ги дробиме во прав и ги додаваме во шербетот. Убаво мешаме се додека прашакот од апчињата не се раствори.
Додаваме во хранилките по 0.5 литри секоја втора вечер во времетраење од 10 дена. По пауза од десетина дена ја повторуваме постапката уште еднаш. Со оваа прихрана се започнува во рана пролет кога ќе равцутат првите овошки. Леглото многу побргу се развива на оваа прихрана, матицата повеќе неси јајца и младите пчели се покрупни.
Оваа прихрана може да се примени и кон крајот на август пред зазимувањето на пчелните семејства но со поголеми дози и прихраната не треба да трае повеќе од 10 дена. Ако пчелните семејства и после овој третман имаат недостаток од храна за зима се прихрануваат само со шеќерен сируп со поголема концентрација или со погачи.
Есенска прихрана со сируп
Се додава сируп во поголеми количини во почетокот на месец септември. Сирупот се спрема од 64% шеќер и 36% вода. Овој сируп не кристализира во хранилките. Од 4,5 литри сируп се добива 5 кг. мед. За шеќерот побрзо да се раствори водата се загрева. Откако ќе се раствори сиот шеќер сирупот се лади па се додава во харанилките во попладневните часови.
Шеќерномлечен сируп
Заради подобро одгледување легло во недостаток на полен во природата на пчелите им се додава шеќерномлечен сируп во сооднос 1/1. При додавање на овој сируп леглото се развива многу подобро и е побујато за разлика од обичниот шеќерен сируп кој се спрема со вода.