ПЧЕЛИ РАБОТНИЧКИ
Во пчелното друштво најбројни се пчелите работнички. Нивниот број се движи од 10 до 80 илјади, зависно од јачината на друштвото. Пчелите работнички имаат закржлавени полови органи и поради тоа не можат да се спаруваат . Само во исклучителни ситуации, ако ја снема матицата некоја од пчелите може да почне да неси јајца но од нив се изведуваат само трутови.
Животот на пчелата работничка е многу краток и трае од 30 до 45 дена во полната сезона. Само пчелите изведени во втората половина на летото и на есен живеат по неколку месеци за да до одржат пчелното семејство преку зима.
Покрај другите органи пчелата има и осило кое им служи за одбрана од сите кои ја загрозуваат неа или пчелното семејство. При убодот преку осилото пчелата вбризгува отров во раната а заедно со осилото останува и ќесицата со отров па затоа пчелата после убодот за кратко време умира.
Штетното дејство на пчелниот отров може да се ублажи со ставање на ладни облоги, ракија, киселина, кантарионово масло, лук, мед и др.
Пчелите работнички ги обавуваат сите работи во пчелното семејство освен размножувањето (хранење и негување на леглото, гаење на матицата, собирање нектар, полен, прополис, носење вода, одржување на микроклимата во сандакот и др.).
Во нормални услови од полагањето на јајцето до изведување потребно е: за матица 16 дена, за пчела работничка 21 ден и за трут 24 дена.