skip navigation

Медоносни растенија

Почетна / Пчеларење / Медоносни растенија
Багрем

1. Багрем

Багрем (Robinia pseudoacacia L.) - Багремот цвета во мај и е една од главните паши во источна и средна Македонија. Во западна Македонија послабо меди бидејќи над 700 m. надморска височина дава многу слаби резултати. Цветовите на багремот најмногу лачат нектар на темптература од 20 до 25 C под услов утринската темптература да не е помала од 16 С. Медот од багрем е со светла боја, проѕирен, со многу пријатен вкус и мирис. Спаѓа во редот на најфини медови. Многу долго останува во течна состојба, понекогаш и неколку години.


Питом костен

2. Питом костен

Питом костен (Castanea sativa L.) - Питомиот костен цвета во јуни, и трае повеке од 20 дена. Кога времето е топло и има доста влага во почвата и воздухот, пчелите за кратко време можат да го наполнат медиштето со мед. Цветовите се многу осетливи на ладни дождови и попло и суво време затоа што има плитки цветни чашки. Медот е со темно кафеава боја, со одредена горчливост, и затоа на нашиот пазар слабо се продава за разлика од западните земји каде е многу баран.


Липа

3. Липа

Липа (Tilia sp.) - Постојат три врсти на липа: бела или сребрена липа, крупнолистна и ситнолистна. Почетокот на јуни прва цвета крупнолостната а одма по неа ситнолистната и нивното цветање трае по 10 дена. Одма после нив цвета белата липа кое трае околу 15 дена. Во некои години кога липата слабо нектари може да се појави медлика на листовите и пчелите да соберат повеке мед од медликата отколку од нектарот. Медот од липа е со одличен квалитет,со светла боја и интензивен мирис на липа.


Бела детелина

4. Бела детелина

Бела детелина (Trifolium repens L.) - Белата детелина е повекегодишна билка која расте на ливади, стрништа, пасишта, покрај патишта итн. Цвета од мај до касно во есен. Нјдобро меди на темтература околу 25 С и трае околу 20 дена и за тоа време во добри години пчелите можат да ги наполнат кошниците со првокласен мед. Медот од бела детелина е светол, со пријатен вкус и мирис. Брзо кристализира во трда ситнозрнеста маса.


Глуварче

5. Глуварче

Глуварче (Taraxacum officinale L.) - Глуварчето е зелјесто растениесо жолти цветни главици. Успева на секакво земјиште но најмногу му одговараат влажни ливади. Го среќаваме насекаде, по ливади, покрај патишта, паркови, запуштени ниви и тн. Главното цутење на глуварчето е во април и трае до половината на мај. Понекогаш се појавува и на есен но во помал број. Глуварчето дава изобилство од полен но и нектар така да пчелните друштво на оваа паша се развиваат многу бргу. Со нектар некогаш може и да потфрли но со полен никогаш. Медот од глуварчето е со златножолта боја, со пријатен фкус и многу бргу кристализира.


Маслодајна репка

6. Маслодајна репка

Маслодајна репка (Brassica napus var. Oleifera) - Maслодајната репка е едногодишно растение кое се одгледува на големи површини. Почнува да цути кон средината на април. за пчеларството е од големо значење бидејќи уште во рана пролет дава изобилство на нектар и полен. Но бидејќи во Р.Македонија се одгледува претежно како сточна храна и се коси во екот на цутењето, пчелите неможат до крај да ја искористат оваа паша. Цветовите се со јака жолта боја и се отвараат постепено па така пашата трае и до 4 недели. За време на цутењето пчелите градат беспрекорни сотови па така оваа околност треба да се искористи за замена на старите и поцрнети сотови со нови. Медот е второкласен и со оштар мирис па затоа треба да се меша со фини медови. Брзо кристализира не само во кантите туку и во сотовите.


Пчелинок

7. Пчелинок

Пчелинок, лимонова трева (Melissa officinalis) - Oваа билка пчеларите ја одгледуваат во близина на своите пчеларници за да ги тријат сандаците или кошарињата при фаќањето на роеви или кога населуваат нови роеви. Целата билка има јак мирис на лимон кој пчелите многу го сакаат.


Мајчина душичка

8. Мајчина душичка

Мајчина душичка (Тhymas serpyllum) - е повеќегодишно жбунче со кожести ливчиња кое е многу отпорно на суши и дава нектар кога останатата вегетација е исушена. Почнува да цути во мај и трае до крајот на јуни. Може да даде обилна паша ако се погоди суво и топло време со повремени врнежи на летен топол дожд. Стоката слабо ја јаде па затоа можеме да сретнеме цели површини покриени со лилави цветчиња. Медот е многу ароматичен со темна боја кој веднаш по цедењето кристализира.


Капинка

9. Капинка

Капинка (Rubus fruticosus L.) - е голем трнлив жбун со бујно развиени единки. Почнува да цути кон почетокот на јуни и дава доста нектар. На места каде ја има на големи површини дава средна паша. Медот е првокласен со светложолта боја, со пријатен вкус и мирис.


Дрен

10. Дрен

Дрен (Cornus mas L.) - е дрвенест жбун или мало дрво кое цути во февруар или март во зависност од надморската висина. Расте насекаде, по шуми, ливади,дворови и т.н. Дава доста нектар и полен а за пчеларите е многу интересен бидејќи во природата ова растение прво цути. Лесно се забележува по шумите со своите жолти цветови. Цвета околу две недели.


Врби

11. Врби

Врби. Постојат повеќе видови на врби. Најрано цвета планинската врба (Salix caprea) и цветањето трае околу 15 дена. Нејзините цветови се познати меѓу народот и како "мачиња". Останатите врби цветаат малку покасно но цветањето трае нешто подолго, околу 20 дена што е многу значајно за пролетниот развој на пчелната заедница.. Дава доста нектар и полен.


Леска

12. Леска

Леска (Corylus Avellana L.) - Леската е дрвенест жбун кој расте во пониски шуми и покрај ливади. Многу значајно растение бидејќи им дава на пчелите изобилство од нектар уште во февруар. Цветањето трае околу една недела но не секогаш пчелите можат да го искористат поленот заради нестабилното време и појавата на мразеви.


Црн слез

13. Црн слез

Црн слез (malva sylvestris) - Црниот слез е едногодишна или повеќегодишна билка. Расте покрај реки, влажно земјиште, но често може да се сретне и покрај патишта и стрништа. Расте во висина до 80цм. Листовите се округли, срцевидни или во бубрежна форма, на краевите назабени. Цветовите имаат двојна чашка и од 3 до 5 пругасти линии. Бојата на цветовите зависи од сортата и се движи од плава до љубичасто црвена. Цвета од мај до септември. Изобилува со полен и во поволни временски прилики со нектар.


Еводија

14. Еводија

Еводија (Tetradium daniellii) - е тропско дрво кое успешно расте и кај нас. Во тропските предели достигнува висина до 20м а кај нас до 7м. Расте со голема крошна, листовите се слични на листовите од јавор а кората е слична како на буката. Цвета од крајот на јули до крајот на август. За пчеларите битен податок што цвета во беспашниот период а дава 2-3 пати повеќе нектар од багремот. Ова дрво кое процветува после 4-5 години од сеењето треба да се сади на секое слободно место околу пчеларникот.


Рузмарин

15. Рузмарин

Рузмарин (Rosmarinus officinalis L.) - е повеќе годишен зимзелен одрвенет многу разгранет жбун кој може да израсне до 3 метари во висина. Тоа е медитеранска билка koja како дива најчесто расте на медитеранските острови. Во текот на благите зими цвета цела година, а интензивно цвета во март и април и октомври и ноември. Спаѓа во добрите медоноисни билки, од 1 ха може да даде до 200 кг мед и нешто малку полен. Медот е светол, со благ и пријатен вкус, поради што е многу ценет, брзо кристализира, а во кристална состојба е во бела боја. Карактеристично за рузмаринот е тоа што меди на многу ниски температури па дури и ако ноќните температури паднат под нула, а дневните до 14 степени. Но бидејки пчелите во текот на зимата го посетуваат многу тој може да биде и штетен затоа што и мала промена под 14 степени може да делува погубно за пчелите. Исто така на поголеми површини под рузмарин матицата не престанува до несе јајца но тоа е дополнително оптоварување во текот на зимата па ваквите друштва најчесто иззимуваат послаби од оние кои ја мирувале зимата.


Лаванда

16. Лаванда

Лаванда (Lavandula angustifolia) - е зелено повеќегодишно растение кое расте како жбун со висина од 50-80 см. Многубројните стебла се покриени со влакненца, листовите се линеарно шилести поставени во пар и од двете страни на гранката. Цветовите се ситни соберени во соцветие во форма на клас со сино-љиљакова боја со карактеристичен јак мирис.Размножување: Се размножува вегетативно и генеративно. Од семе се сее во текот на мај , а се расадува во октомври на следниот начин: зрелото семе се стратифицира во ладна и влажна просторија неколку дена по што се засејува на леа покриено со мал слој на градинарска земја. Леата е потребно да биде покриена со повремено проветрување. Од зрел летораст се размножува во текот на јуни со помош на фитохормон. Гранките се ожилуват во влажна дезинфицирана мешавина 1:1 песок и тресет, покриена со пластична фолија со повремено проветрување растенијата ожилуваат за 30 дена по што е потребно да се засадат во саксии, а се рассадуваат на постојано место почетокот на октомври. Почвата требе да биде средно пропуслива во изразито сончево поднебје. Се сади од 40 до 50 см простор меѓу растенијата и 1,3 м до 1,8 м растојание помеѓу редовите, се окопува еднаш со одавање на малку ѓубре, не е подлежна на болести поради што не се третира со средства за заштита (ружите до лавандите не фќаат лисна вошка).Издржува без проблем ниски температури до -30°С. Цвета во јуни и е изразито медоносна. Се бере цветот во втората фаза од цветањето. Во комбинација со мајчината душица делува против Вароата, а самостојно не дозволува развој на восковиот молец. Освен ова се употребува како зачин, како чај и како купка против замор, несоница, лошо варење, грчеви, нервоза и сл. Етеричните масла од лаванда се основа за многу трајни мириси.


Калреутерија

17. Калреутерија

Калреутерија (Koelreuteria Paniculata) - е листопадно декоративно дрво, расте високо до 15 метри, по потекло од Кина со изразито густа кружна крошна. Листовите се перасто поставени со јацевиден изглед. Цветовите се во жолта боја поставени на издолжено соцветие. Во наши услови цвета во Јуни и Јули,а пчелите од неа собираат како нектар така и големи количини на полен. Според некои показатели од 1ha пчелите можат да соберат до 500 килограми мед. Коелреутеријата не е пробирлива во однос на квалитетот на земјиштето и може да успее и во изразито сушни предели. Се размножува од семе со тоа што се препорачува есенско сеење, а пред сеањето семето мора да било неколку дена во влажна и темна просторија или преку кратко изложување на топла и ладна вода да се поттикне пукање на тврдата обвивка за полесно никнување.


Жалфија

18. Жалфија

Жалфија (Salvia officinalis) - е повеќегодишно жбуновито растение кое расте во висина до 60 см. Има јак коренов систем и дрвенасто стебло, долните делови на стедлото се дрвенасти додека врвовите се зелјести. Листовите се тесни со елипсовидна форма поредени и од двете страни на стеблото. Цветовите се со темнљубичеста боја поставени во клас. Цветот е двоуснест. Цвета во мај и јуни,а пчелите ја посетуваат преку целиот ден. Се размножува од семе. Кај нас е застапена само како украсно растение додека повеќе е застапена ливадската жалфија која цвета во средината на јуни. Жалфијата дава темно жолт мед со пријатен мирис и малку горчлив вкус. Медот од жалфија е многу баран мед поради своите лековити својства, посебно за болестите на органите за дишење. Жалфијата помага при сопирање на крварење, против разни воспаленија и има јако бактериоцидно дејство. Чајот од жалфија засладен со мед го зајакнува организмот, спречува мозочен удар, ги лекува стомачните грчеви, ја прочистува крвта, го зголемува апетитот и сл. За лекување на наведените болест потребно е да се пијат по две чаши чај на ден. За надворешна употреба жалфијата се користи најмногу при воспаление на грлото, непцето и крајниците.


Фацелија

19. Фацелија

Фацелија (Phacelia tanacetifolia) - Едногодишна билка по потекло од Америка, а во Европа е пренесена во 19 век. На изглед личи на коров, расте до 60 см, а во идеални услово до 90 см. Билката се разгранува веднаш над земјата, а секоја гранка носи други гранчиња со цветови. Цветовите даваат големи приноси на мед и полен и многу се привлечни за пчелите. Според некои проценки од 1 хектар фацелијата може да се добие од 500 до 1000 кг мед. Нормално сето тоа зависи од климатските услови. Фацелијата има развен коренов систем за кој се врзуваат одредени бактерии кои што пак имаат својство да го врзуваат кислородот , со тоа нивите засеан со фацелија се облагородуваат. Земјоделците кои сакаат лошото земјиште да го збогатат со органско ѓубриво можат оваа билка да ја заорат пред нејзиното цветање, секако во тој случај не е атрактивна за пчеларите. Фацелијата може да се сее во секое време од годината односно ако времето е поволно во текот на годината може и двапати да цвета. Најчесто се сее наесен во октомври и напролет во март. Пожелно е кога ќе ја покрие земјата при крајот на април да се прехрани.
За засејување на 1 хектар потребно е 10 кг семе.


Жива ограда

20. Жива ограда

Жива ограда (Lycium halimifolium Mill) - расте во вид на жбун. Се среќава самоизниканато на краевите од шумите или на меѓите на запуштени ниви во сите делови на Македонија. Првите цветови се јавуваат во Април по што непрекинато цвета се до октомври, а спаѓа во групата на многу медоносни растенија. Светло лилјаковите цветови пчелите ги посетуваат и во најголемата суша. Живата ограда не е пробирлива во однос на квалитетот на почвата, а таму кај ќе се насели брзо се шири и освен ако не се третира со хемиски средства практично е неуништлива. Знаејќи го фактот дека климатските услови во Македонија се изразито неповолни за голем дел на медоносни растенија, а познавајќи ги карактеристикита на ова растение се препорачува пчеларите да го засадуваат околу своите пчеларници, а бидејќи расте густо може да се користи и како ограда и како заштита од ветрови.


Тимјан

21. Тимјан

Тимјанот (Thymus vulgaris) - е повеќегодишна билка слична на Мајчината душица, но тој е повисок и расте исправено и може да достигне висина до 30 см. Листовите на тимјанот се тесни на врвот шилести, со темнозелена боја од внатрешната страна покриени со мали сиви влакненца. Цветовите се двоуснасти и имаа цевчеста форма, а по боја можат да бидат од бели до розови. Карактеристично за тимјанот е што ретко се среќава како самоизникната билка, а се одгледува како култивирано растение. Тимјанот е изрзито медоносно растение кое цвета во јуни и почетокот на јули, пчелите го посетуваат во текот на целиот ден, а медот е со карактеристичен пријатен мирис. Тимјанот е лек и зачин. Влегува во составот на голем број лекови за лекување на кашлица и други белодробни заболувања. Етерското улје добиено од Тимјанот поради големата концентрација на Тимол пчеларите успешно го користат за борба против Варозата.


Драка, Чајлија

22. Драка, Чајлија

Драка, Чајлија (Paliurus spina-christi) - е растение што расте на каменјари, отпорно е на суша, а се среќава до 800 метри надморска височина. Ова медоносно растение расте во форма на грмушка и може да достигне висина до 4 метри. Листовите се мазни без влакненца, имаат елипсовидна до кружна форма, а по боја се темно зелени. Цветовите се ситни распоредени во гроздови со светло жолта боја. Цвета во почетокот на јуни околу 15 дена. Карактеристично за драката е што нејзините цветови се плитки поради што меди само на сончево спарно но мирно време (и најслаб ветер може да го сопре медењето). Поради формата на цветот пчелите многу брзо ги полнат медните желудници и за десетина дена, колку што трае медењето на драката јако, пчелно друштво може да собери и до 20 кг мед од ова растение. Медот од драката е жолт со пријатна арома но брзо кристализира. Лековити својства : Драката е одамна познат антисептик како средство кое успешно се користи при дијареја, дизентерија, воспаление на дебелото црево. Како лекови се користат зрелите плодови во народот познати како парички.


Магарешки трн

23. Магарешки трн

Магарешки трн (Cirsium Eriophorum) - е двогодишно зелјесто растение кое може да достигне висина од 60-150 см. Стеблото му е исправено најчесто слабо разгрането. Листовите се долгнавести целите покриени со остри боцки. Цветовите имаат главичеста форма, а по боја можат да бидат светло или темно лилјакови, но се среќаваат и бели. Цвета од почетокот на Јуни па се до почетокот на Август, а на некои предели цвета дури и во Септември. Одлична медоносна билка која покрај нектар дава и полен. Пчелите ја посетуваат преку целиот ден, а од 1ha можат да складираат преку 500 кг мед. Расте покрај патиштата, на песокливи места, на ливади на шумски полјани, на камењари... Распространета е од низинските па се до високите планински предели. Се размножува од семе.


Златошипка

24. Златошипка

Златошипка, голденрод, солидаго, Златни прут (Solidago albopilosa) - цветница од фамилијата Asteraceaea. Во оваа фамилија има околу 150 различни видови. Расте на необработливи површини, покрај реките и потоците, на рабовите од шумите или сегде каде што има доволно сонце. Се шири од семе или од корен. Коренот е сличен на плевелите и многу тешко се отстранува. Оваа билка им е позната на пчеларите, а во некои краеви пчеларите купуваат семе и ја сеат плантажно. На суво и топло време Златошипка знае да ги изненади пчеларите со многу нектар, а пчелите во отсуство на други цветови ја посетуваат преку целиот ден. Цвета од втората половина на месец Јули па се до крајот на Август. Бојата на медот е од златножолта до темно жолта боја, а карактеристично е тоа што при кристализацијата медот не се стврднува целосно па затоа се смета за добар мед за зимување на пчелите. Кај нас оваа билка се одгледува како украсно растение во дворовите, но доколку пчеларите се решат да ја расшират со сигурност ќе го намалат периодот на есенска прихрана, а бројот на зимски пчели значително ќе е поголем.
Подготвил: Марјанчо Дончев


Булка

25. Булка, Див афион, Opium Poppy, Garden Poppy

Булката е едногодишно растение со слабо стебло и гранки кои на плодни почви можат да израстат и до 1 метар. На врвот на секоја гранка се јавува изразито убав црвен цвет со 4 цветни листиња. На одредени видови од ова растение цветовите можат да бидат и бели. Булката цвета во месец Мај и месец Јуни. Пчелите од цветот собираат многу полен кој по боја е зелен. Булката е коровско растение кое расте во нивите со жито или на меѓите, а се размножува од семе. Од иста фамилија со Булката е и Афионот кој се сее плантажно но под контрола на земјоделскиот инспекторат бидејќи од ова растение се добива опојни дрoги.
Подготвил: Марјанчо Дончев


Тиква

26. Тиква

Тиквата (Cucurbita pepo) - е едногодишно зелјесто растение. Во Македонија се сади плантажно. Размножувањето на ова растение е од семе, а се сади во втората половина на Април или првата половина на месец Мај. Вегетацијата на тиквата трае од 130 до 150 дена. Цветовите се изразито големи по бија од светло жолти до темно жолти. Не редок е случајот кога во еден цвет истовремено неколку пчели собираат поленов прав. Цветот на тиквата е отворен во текот на целиот ден поради што се смета за стабилна пчелна паша. vИнтересен е фактот дека археолозите скоро во сите археолошки наоѓалишта ширум светот наоѓаат цврсти докази дека нашите предци тиквата ја користеле како извор на храна.
Подготвил: Марјанчо Дончев


Летен Јоргован

27. Летен Јоргован

Летниот јоргован (Buddleja davidii) - потекнува од Кина. Расте во вид на жбин кој може да израсте во висина и 3 до 4 метри. На врвовите на секоја гранка дава изразито убав цвет кој може да биде во сите нијанси на сината боја. Цвета во Август и Септември поради што е една од поинтересните билки за пчеларите. Се размножува исклучиво од резница, а се сади наесен или при крајот на зимата. Оваа билка сака изразито сончеви поднебја, но не е пробирлива во однос на квалитетот на земјиштето. Додека билката е сеуште млада потребно е одредено залеванје, а подоцна може да издржи и без залеванје. Пчелите оваа билка ја посетуваат во текот на целиот ден до колку температурите не се над 30 степен целзиусов, а ако се високи температурите ја посетуваат наутро и навечер. Таа покрај нектарот дава и одредени количини на поленов прав кој е итекако потребен за развој на зимските пчели.
Подготвил: Марјанчо Дончев


Багремец Аморфа

28. Багремец, Аморфа

Багремец, Аморфа (Amorpha Fruticosa) - е листопадно растение кое расте во форма на жбун, со висима до 4 м. Јакиот коренов систем овозможува брзо размножување. Листовите се непарно перасти многу слични на листовите на багремот поради што и го добил името “багремец”. На врвовите на едногодишните ластари во форма на исправен грозд при крајот на мај се појавуваат безброј љубичесто плави цветови. Во едно соцветие може да има и до 300 цвета. Багремецот почнува да цвета во третата година, по што редовно и масовно цвета секоја година во мај и јуни. Цветањето трае 20-25 дена. Ова растение е едно од подобрите медоносни растенија, пчелите го посетуваат преку целиот ден и од него од 1 хектар можат да соберат и до 300 кг темноцрвенкаст мед. Добро успева како на влажните и поплавни терени така и на сувите подрачја, покрај патиштата, на меѓите и сл. Поради јакиот коренов систем се користи за пошумување на клизишта и стрмнини, а поради густите гранки за пошумување на ветровити подрачја како заштита од ветер. Во парковите се сади како украсен жбун, а пчеларите го садат како ограда на своите пчеларници. Ова растение може да се сече секоја 4 година по што лесно се обновува и од јакиот коренов систем избиваат нови помногубројни гранки. Се размножува од семе и од изданци. За полесно клиење семето е потребно да се држи во вода подолго време, а садењето да се направи од есен. Багремецот иако се смета за коровско растение за пчеларството е многу значаен бидејќи цвета веднаш по цветањето на багремот во период кога на повеќето локации не цвета ниту една добра медоносна билка.


Багремец Аморфа

29. Коњска детелина, Бела Комунига

Коњска детелина, Бела Комунига (Melilotus Albus) - е двогодишно зелјесто растение кое може да израсте до 2 м восочина. Листовите се издолжено елиптични најчесто групирани по 3 на една дршка. Ситните жолти цветови се групирани во форма на клас. Цвета од јуни до септември и спаѓа во групата на најмедоносни растенија. Од 1h пчелите можат да соберат повеќе од 450 кг затвореножолт мед со мирис на ванила. На овој мед пчелите одлично зимуваат и имаат добар пролетен развој. Квалитетот на оваа медоносна билка го кажува и латинското име кое преведено значи “Бела медена детелина”. Самоизникната расте како коровска билка на напуштени ниви и покрај патиштата, а како сточна храна се сее во месец март. При сеењето семето мора да “окулира” за да никне истата година. Најчесто се сее во комбинација со овес но се сее и самостојно. Првата година расте само зелјеста маса додека втората година цвета и дава семе. Не е пробирлива во однос на квалитетот на земјиштето. Во Македонија ја има на целата територија.


Брест

30. Брест

Брест (Ulmus) - се среќава во предпланинските региони, а поретко во планинските региони. Растат доста високо со голема разгранета крошна. Во наши услови цветаат во текот на март, а изобилно даваат поленов прав и ако условите се добри дава доста нектар. Пчелите ги посетуваат и од цветот на брестот собираат бел поленов прав. Во последните триесетина години брестот беше нападнат од габична болест предизвикана од габата Graphium ulmi Schir. Оваа болест ги уништи скоро сите стари брестови.


Гледич Трновец

31. Гледич, Трновец

Гледич, Трновец (Gleditsia triacanthos) - Листопадно дрво кое може да израсте до 45 м височина. Крошната му е многу разгранета но ретка. На гранките растат големи најчесто троделни трнови. Сложените листови се ситни со елиптична форма. Жолтозелените цветови се собрани во вид на грозд. Плодот е во долгнавеста сабјеста форма и во некои краеви се смета за деликатест. Цвета во мај и јуни. Цветањето трае 15 дена. Гледачијата е добра нектаруша и според некои афтори од 1 хектар дава повеќе од 250 кг светло жолт прозирен мед. Поради брзиот раст и големата крошна се одгледува скоро во сите паркови. Додека поради јаките трнови и можноста да се крои во одредени подрачја се користи и како жива ограда. За успешно одгледување бара дебела почва и тоа на места со изразита сончева диспозиција. Се размножува од семе. Растението во народната медицина се смета за лековито, а се користи за снижување на крвниот притисок, за лекување на чир во желудникот и дванаспалачното црево.


Дива жалфија

32. Дива жалфија

Дива жалфија (Salvia Amplexicaulis) - е повеќе годишно зељесто растение која расте од 60-120 мм. Листовите покриени со влакненца од долната страна се парно поставени и од двете страни на стеблото. Цветовите густо поставени на стеблото прават соцветие во вид на клас, а цвета од јули до август. Расте по сушните пасишта, каменјарите, покрај патиштата и пругите. Се размножува од семе. Овој вид на жалфија е изразито медоносно растение, пчелите го посетуваат од утро до мрак, а медот од нега има темно жолта боја, со пријатен мирис и малку горчлив вкус. Медот од жалфија има доста лековити својства посебно за лекување на дишните органи, а помага и при сопирање на крварењата.


Коњска детелина Жолта Комунига

33. Коњска детелина, Жолта Комунига

Коњска детелина, Жолта Комунига (Melilotus officinalis) - е двогодишно зелјесто растение кое може да израсте до 2 м восочина. Листовите се издолжено елиптични најчесто групирани по 3 на една дршка. Ситните жолти цветови се групирани во форма на клас. Цвета од јуни до септември и спаѓа во групата на најмедоносни растенија. Од 1h пчелите можат да соберат околу 350 кг светложолт мед со мирис на ванила. Медот брзо кристализира. Самоизникната расте на напуштени ниви и покрај патиштата, а како сточна храна се сее напролет. Не е пробирлива во однос на квалитетот на земјиштето. Во Македонија ја има на целата територија. Како лековита билка се користи за лекување на дишните органи.


Лисичја опашка

34. Лисичја опашка

Лисичја опашка (Echium Vulgare) - Двогодишно зелјесто растение кое расте во форма на полужбун, а може да израсте до 1 метар висина. Стеблото му е исправено многу разгрането, листовите се издолжени покриени со влакненца, цветовите групирани во соцветие имаат изглед на метла. Цвета од јуни до октомври. Цветовите најчесто се сини но се среќаваат и бели, а многу ретко црвени. До колку старото растение се искоси за кратко ќе изникнат нови стебла и ќе цветаат до првите мразеви. Пчелите го посетуваат растението во текот на целиот ден и од него од 1h можат да соберат околу 700 кг првокласен мед. Расте како самоизникната по ливадите и напуштените пасишта, а се размножува од семе. Пчеларите оваа бикма можат да ја сеат самостојно или во комбинација со фацелијата.


Циганско перје

35. Циганско перје

Циганско перје (Asclepias syriaca) - е растение од кое корист имаат само пчеларите, расте и се размножува сегде, коренот во вид на морков е доста голем и тамо кај ќе се насее практично е неуништливо бидејки ако го корнете дел од коренот останува и напролет од него никнуваат повеќе растенија. Од животните го јадат само овците но само до колку е сушен период и нема друга трева. Мириса многу убаво, а пчелите го посетуваат преку целиот ден. Цвета во месец јуни. Од еден хектар засеана површина може да се очекува приноси од 1 тон мед но само мед бидејќи ова растение не дава ниту едно зрно поленов прав. Се размножува од семе и од корен. Семето е покриено со влакненца кои личат на пердуви поради што и го добило името. Семето прекриено со влакненца е многу лесно поради што и на најмал ветар може да се разнесе на поголеми далечини. Растението спаѓа во групата на лековити но отровни растенија па затоа внимателно со неговото конзумирање. Во Македонија не е распространето, скоро и да го нема. На поголеми површини го има по течението на Дунав и неговите притоки.


Џанарика Џанка

36. Џанарика, Џанка

Џанарика, Џанка (Prunus Cerasifera) - е листопадно дрво, високо до 8 метри со многу разгранета крошна, а се среќава и како жбун. Снежно белите цветови поставени на тенки петелки во март месец прават како повторно да се вратил снежниот прекривач од минатите месеци. Во минатото џанариката била многу ценета овошка и се одгледувала во овоштарниците за добивање на ракија. Денес ја има се поретко, но таму каде што сеуште се задржала во природниот биодиверзитет на добри тивки денови знае да замеди толку многу што иако се уште недоволно развиени пчелните друштва успеваат да соберат многу квалитетен мед со светло жолта боја и пријатен мирис. Карактеристичнко за џанариката е што таа меди и на пониски температури, важно е само да нема врнежи и северни ветрови. Џанариката е овошка која денес воглавно расте самоизникнато по меѓите, ливадите и напуштените овоштарници. Се размножува од семе и од коренови изданци. Пчеларите мораат да посветат поголемо внимание на ова растение бидејќи во пределите каде што го има повеќе не е потребно стимулативно прехранување на пчелите во текот на март и април, пчелите ќе се развијат во јако друштво само на поленот и нектарот на ова растение.


Евла

37. Евла

Евла (Alnus Glutinosa) - е листопадно дрво со право стебло кое достигнува висина до 25 метри. Крошната има јајчеста форма со многу густи темно зелени листови. Цвета во фебруари и март. Евлата има два вида на цветови, машки и женски кои се појавуваат скоро истовремено пред да се појават листовите. Машките цветови се во форма на реси групирани најчесто по три, а женските се во форма на шишарки исто така групирани најчесто по три и се наоѓаат веднаш над машките цветови. Евлата дава големи количини на полен и извесни количини на прополис. Пчелите ја посетуваат преку целиот ден. Расте во низинските делови на нашата држава, а најчесто се среќава околу речните корита. Ја има скоро околу сите реки во Македонија. Се размножува од семе и вегетативно.


Јапонски троскот

38. Јапонски троскот

Јапонски троскот (Polygonum cuspidatum) - Fallopia japonica, Reynoutria japonica е големи повеќегодишни растенија, по потекло од источна Азија, Јапонија, Кина и Кореа. Во Северна Америка и Европа одгледувањето на сите видови на јапонски троскот е многу успешно, а билките се класифицирани како инвазивни видови. Еден од видовите на оваа билка има шупливо стебло кое може да достигне висина до 3-4 метри. Кореновиот систем во форма на ризом се расширува до 7 метри од надземниот дел а во длабочина може да израсне и 3 метри поради што практично е неуништливо растение. Поради наведениот коренов систем, а и поради тоа што надземните делови растат густо и многу брзо останатите автохтони растенија за кратко време биваат надвладеани. Листовите се широки со овална форма, цвета во август и септември, а цветовите бели или кремасти поставени како соцветие долго од 6 до 15 сантиметри во време на цветање со својата опојна миризба ги привлекуваат пчелите. А бидејќи цвета во беспашен период медот добиен од оваа билка и те како е значаен за одгледување на поголем број зимски пчели. Медот добиен од ова растение има карактеристичен вкус со пријатен мирис и светла жолта боја. Во Азија и САД медот од Јапонскиот троскот е доста ценет и се нарекува „Бамбус мед“. Јапонскиот троскот се размножува многу лесно користејќи ризоми од кореновиот систем. Но на местата каде што ќе се насели се нарушува останатиот биодиверзитет.


Занофит

39. Занофит

Занофит, Genista tinctoria (LINN.) - Жбунесто растение кое се среќава до 800 метри надморска висина, а расте по планинските ливади, ретките шуми, меѓи и напуштени ниви. Во околината на Виница расте на северната страна од подножјето на Плачковица. А на Осоговието се среќева во атарите на селата Дулица, Големчево, Саса, Костин дол. Занофитот не е пробирлив во однос на квалитетот на почвата. Расте во вид на жбун во висина до 2 метри, лисната маса му е сивкасто зелена, формата на листовите е во вид на копје правилно распоредени на мазни гранчиња. Поради горчливиот вкус не е омилена храна на животните, но во месец април кравите ја јадат, а млекото добива кларактеристичен горчлив вкус. Цвета во периодот од средината на месец Мај па се до средината на месец Август. Цветовите по боја се изразито жолти со опојна миризба на ванила. Пчелите ја посетуваат оваа медоносна билка во текот на целиот ден, медот добиен од оваа билка е се светло жолта боја и со карактеристичен мирис на ванила, освен нектар оваа дива коровска билка дава и одредени количини на полен поради што е идеална за одгледување покрај пчеларниците. Лесно се размножува од корен во есенскиот период, а од семе малку потешко. На подрачјата каде што ќе се насели за неколку години станува доминантно растение. Во народната медицина се користат гранчињата и листовите за лекување на гихт и реума. Додека од стари времиња од цветовите на ова растение се правела жолтата боја. Денес се уште во некои предели на Англија растението се собира и од него се прави жолта боја.


Ехинацеа

40. Ехинацеа

Ехинацеа (Echinacea purpurea) - Ехинацеата го зајакнува имунолошкиот систем на природен начин спречувајќи ги бактериските и вирусните инфекции. Делотворна е при лекување на преладување, грип, намален имунитет, а го јакне организмот при зголемен физички и психички напори. Земја на потекло каде што ја има некултивирано е Америка. Индијанците ја користеле како билка за лекување на сите видови болести, а најделотворна била при лекувањето од змиско каснување. Култивирано се одгледува на сегде во светот како украсно растение. При плантажно одгледување од неа може да се добие извесни количини на светол мед со карактеристичен мирис. Растението дава и одредени количини на поленов прав, а пчелите ги посетуваат цветовите во текот на целиот ден. Растението се размножува од семе, а полниот раст го достигнува третата година. Не е пробирлива на квалитетот на земјата но бара поголема количина на вода. Цвета во период од месец Мај па се до крајот на Август. Активните својства на Ехинацеата научно се докажани при крајот на 19 векблагодарејќи на лекар кој долго време престојувал кај америчките индијанци. Од тогаш оваа чудна билка е во центарот на вниманието во фармацевската индустрија. Со бројни испитувања докажано е дека свеж екстракт од оваа билка и нејзиниор корен ги зајакнуваат белите крвни зрнца при што се спречува појава на болести или се скратува нејзиното времетраење. Ехинацеата содржи многу активни состојки групирани во:

  • Етерични масла (кај еден вид ехинацеа која е добиена инвитро научниците издвоиле етерично улје кое ги уништува клетките на туморот).
  • Глукозид составен од два вида шекери кои дејствуваат како антибиотик против разни болести.
  • Полацетилени кои ги уништуваат бактериите и габите;
  • Инулин и витамин С.

Ехинацеата иако не е доволно испитана како медоносна билка, сепак пожелно е секој пчелар да ја има во својата збирка на медоносни растенија засадена на некој дел од пчеларникот. Чајот направен од цветот на оваа билка засладен со мед и збогатен со сок од лимон ја спречува појавата на грип, додека веројатноста да се прехладите оваа билка ја намалува до 60 посто. Ехинацеата се користи при лекување на Херпес, Грип, Воспаление на синусите, Бронхитис, Намален имунитет, побрзо закрепнување после тешки болести и сл. при користење на оваа билка нема несакани појави. Денес во фармацевската индустрија оваа билка може да се сретне кај повеќе од 800 производи. Од неа се користи цветот, стеблото и коренот.


Сусерка Метла

41. Сусерка, Метла

Родот Marrubium има околу 40 видови, а карактеристично за сите е што успеваат на суви подрачја. Marrubium peregrinum е повеќегодишна билка која расте во форма на жбун. Надземниот дел наесен се суши а напролет потерува повторно. На местата каде се населила ја има во огромен број. Коренот е вретенест со должина и до 1 метар. Бојата на жбунот е карактеристично сиво зелена. Цветовите се мали во форма на чашка соберени во соцветие. Цвета во Јули и Август. До колку во време на цветање има природна влажност на почвата и воздухот пчелите ја посетуваат во текот на целиот ден собирајќи неколку килограми квалитетен црвенишкав мед со карактеристичен мирис и вкус, а ако нема врнежи пчелите ја посетуваат само во утринските часови собирајќи незначителни количини на нектар. Медет спаѓа во групата на медови на кои пчелите зимуваат одлично. На подрачјето на Виница ја има многу, како коровска билка распространета е по околните ридови и по напуштените ниви. Лесно се размножува од корен или од семе.