МЕД, ЛУК И ЛИМОН ЛЕК ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
Припремање:
- Ситно се мелат 10 главици лук и се мешаат со 1 кг.
- Мед и сок од 10 лимони.
- Се става во стаклен сад, се поклопува и се остава да одстои 8-10 дена.
- После тоа два пати дневно, пред јадење се зема по една супена лажица.
БРОНХИТИС, БОЛЕСТИ НА ГРЛОТО И ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ
Состојки:
- Мед
- Зелени оревчиња
- Лимон
Зелените оревчиња ги миеме и ги оставаме да се исушат од водата. Ги сечеме на кришки и ги редиме во тегла. Одозгора ставаме исечени кругчиња од свеж лимон и сето тоа го залеваме со мед. Теглата добро ја затвараме и ја оставаме на сонце да одстои околу 30 дена така да медот поцрни. После тоа медот го процедуваме или едноставно ги вадиме оревчињата.
Се зема по една супена лажица наутро и навечер. Во случај на болест се зема три пати дневно по две супени лажици
ИМУНИТЕТ
- Ситно се мелат 250 гр. ореви, 250 гр. бадеми, 250 гр. лешници и 250 гр. сусам. Се помешува со 1 кг. мед и сок од 1kг. лимони. Се зема по една супена лажица на сабајле половина час пред јадење и навечер половина час после јадење.
- 10 мали оревчиња (зелени) се ставаат во 1 кг. мед и се остава да одстои 40 дена. После овој период се промешува и се зема по една супена лажица на сабајле. За деца се разблажува со уште толку мед.
- На 150-200 гр. кристализиран мед се додава 1гр. млеч. Мешавината се чува во стаклен сад. Се зема со дрвено или пластично лажиче (никако метално) секое утро а може и навечер пред спиење во помала количина така да една особа 1 гр. млеч треба да го земе за 10 дена. Во една сезона една особа треба да земе најмалку 3 а најмногу 9 гр. млеч.
- Во 1 кг. мед се става сок од 10 лимони и изгмечени 10 чешнина лук. Сите состојки се мешаат дури не се добие еднолична смеса. Се затвара и се остава на темно 10 дена. Се земаат 4 лажички од смесата, распоредени во текот на денот и после секоја лажичка не се пие течност најмалку 10 мин. Обавезно се зема секој ден без пауза, а смесата трае околу два месеци. Овој рецепт се препорачува на постари лица кои се движат со тешкотија. Лекот се препорачува и за бронхит и голема кашлица.
ГРИП
- Се земаат исчистени чешниња лук и се толчат се додека не се добие каша.
- Потоа лукот се меша со мед во сооднос 1-1.
- Се зема по една супена лажица растопена во чаша топла вода секоја вечер пред спиење.
- Третманот трае 3-5 дена.
НАСТИНКА
- 100 гр. мед се меша со сок од 1/2 до1 лимон, или со сок од рен во сооднос 1-1.
- Се зема по една супена лажица на сабајле и навечер.
- Секоја вечер се пие чаша топло млеко со една супена лажица мед.
БОЛКИ ВО ГРЛО
- Се зема едно лажиче мед во кое е измешано половина лажичка сода бикарбона.
- Не се проголтува одма туку се остава во устата полека да се топи.
- После ова да не се пие никаква течност најмалку 15 мин.
ЈАБОЛКОВ НАПИТОК
- Се мешаат две лажички јаболкова киселина, едно лажиче мед во два децилитри вода.
- Треба да се пие два-три пати дневно во рок од две недели па се прави пауза една недела.
РЕЦЕПТ ЗА ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА
- 10 кг.јаболка (по можност непрскани) исчистени од семенки и мелени.
- За забрзување на ферментацијата се додаваат 160 до 200 гр. шеќер
- Сево ова се полева со 600 гр. вода.
Смесата се чува во пластичен или дрвен сад (никако во метален), а од ова се добива 6 литри јаболкова киселина. Садот се остава да стои малку подотворен за да можат да се развијат вински мушички. Смесата се остава да стои на топло, 45 до 60 дена. Кога ќе заврши процесот на ферментацијата, смесата се процедува, а кога ќе се стави во шишиња, садовите не треба да бидат херметички затворени.
На 10 кг. диви или непрскани јаболка (претходно сомелени) се додава 1-1,5кг мед и еден сув црн леб. Сите состојки се мешаат во еднолична маса и се става во пластичен или уште подобро стаклен сад. Се остава да ферментира 2-3 недели. За време на ферментацијата секојдневно се меша. По истекот на овој период смесата се цеди и во сокот се додава уште о,5 кг. мед и еден свеж квасец. Повторно се остава да ферментира. Кога течноста ке се избистри постапката е готова. Се процедува и се складира во стаклени шишиња. Ако киселината не е доволно кисела се повторува постапката уште еднаш со 0,5 кг мед и квасец.
МЕДОВИНА (вино од мед)
Во 10 л. вода се става 2-3 кг. мед за да се добие добро засладена мешавина. Откако ќе се раствори медот во водата, мешавината ја ставаме на оган да зоврие. При вриењето цело време ја вадиме пената која се појавува на површината. Откако ќе престане да излегува пена (не смее да остане ни малку пена затоа што медовината ќе се скисели) го тргаме садот од оган и го оставаме да се излади. Изладената течност ја претураме во чист стаклен сад, го покриваме со повеќеслојна газа и го оставаме да ферментира околу 15 дена. за време на ферментацијата не смееме да го затвараме садот. После петнаесет дена ја преточуваме медовината во друг сад но внимаваме да не префрлиме ни малку од талогот. Вака преточената медовина ја оставаме да доферментира уште 10-12 дена. После овој период ја преточуваме во шишиња кои добро ги затвараме. Вака спремените шишиња ги складираме на ладно и темно место. Може да се пие после 2-3 недели.За подобар вкус на медовината, за време на вриењето на оган, во едно чистоа газа ќе ставиме 7-8 каранфилчиња, неколку парчиња ванила и рендана кора од половина лимон.
Земаме 2 кг грозје и го гмечиме во поголем сад. Откако ќе го изгмечиме грозјет, во садот додаваме 1 литар превриена и оладена вода и 100 гр. мед. Добиената смеса ја претураме во 3-4 литарска флаша и добро протресуваме. Смесата ја оставаме на собна температура да почне да врие. Вриењето обично почнува за 2-5 дена и завршува за 7 дена. Со ова мајата е спремна за додавање во медовината.
Сега во поголем сад тураме 4 литри провриена и изладена вода, додаваме 2 кг. мед, промешуваме и садот го ставаме на оган. Повремено ја тргаме пената. Не смееме да дозволиме смесата да проврие. Ако почне да врие дотураме малку ладна вод. Кога ќе престане да излегува пена го тргаме садот од оган. Изладената смеса, откако ќе се излади ја претураме во стаклен сад од 10 литри и ја додаваме мајата. Добро ќе промешаме и ќе ја покриеме со газа. Садот се држи на топло и се промешува секој ден. Вриењето обично започнува за 6-7 дена. Кога ќе започне вриењето го дополнуваме садот со превриена и изладена вода и го затвараме со тапа низ која поминува стаклена цевка и која завршува во сад со вода. Цевката служи за да не влезе воздух во задот и да не се скисели медовината.
Во поголем сад мешаме 1,5 килограми мед и 4 литри вода. Додаваме сок од 5-6 лимони, три кесички индиски чај, три кесички чај од нане, и малку цимет. Сето ова го ставаме на оган на половина час но никако не смееме да дозволиме да зоврие за медот да не ги изгуби хранливите состојки. Одвреме навреме промешуваме. Откако ќе се излади течноста ја претураме во стаклен сад од 5 литра и додаваме една кесичка пекарски квасец (10 гр.). Се прекрива со чиста газа и се чува на собна температура. За брзо време ќе добие темно жолта боја и почнува да врие (ферментира). После ден-два се процедува низ чиста газа за да се отстрани пената што се јавува од квасецот. Оваа постапка се повторува секоја недела. Оваа постапка трае околу три месеци (процесот на ферментација). Откако ќе заврши ферментацијата течноста ја преточуваме 2-3 пати за да се ослободиме од талогот. Кога ќе се ослободиме од талогот садот добро го затвораме и го чуваме на собна температура до пролет за медовината да узрее. Вака добиената медовина е со јачина од 14%.
СТОМАЧНИ КИСЕЛИНИ
Една супена лажица мед се раствара во 0,2 л. млака вода и се зема 1,5 до 2 часа пред јадење.
ПРОСТАТА
- Навечер пред спиење во чаша со млака вода се меша една супена лажица мед и две лажици полен.
- Се остава да преноќи и сабајле се пие на гладно.
- Терапијата трае еден месец и многу е успешна.
ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Се меша една чаша сок од цвекло, една чаша сок од морков, една чаша сок од рен (да би се добил овој сок треба наренданиот рен да одстои 36 часа во ракија), сок од еден лимон и една чаша мед.
Смесата се чува на ладно место, најдобро во ладилник. се зема по една кафена лажица 2-3 пати дневно.
БРОНХИЈАЛНА АСТМА
- Една супена лажица мед се раствара во чаша млака вода или чај од мртва коприва.
- Се пие по една чаша наутро и една навечер.
КАШЛИЦА
- Се цеди сок од црна ротква и се меша со мед (колку сок толку мед)
- Се мешаат помали количини за смесата да биде стално свежа (пр. 200 мл. сок и 200 гр. мед).
- Се зема 3 пати на ден по две супени лажици пред јадење.
СЛАБОКРВНОСТ
- Пред секој оброк се зема по едно кафено лажиче мед од медлика (шумски мед).
НЕСОНИЦА
- Мед растворен во млака вода се зема на 1-1.5 час пред спиење.
РАНИ
- Рани кои тешко зараснуваат се премачкуваат со мелем направен од 80 грама мед, 20 грама рибино масло и 3 грама ксероформ.
РАНИ И ОПЕКОТИНИ
- На чиста газа се става мед колку да се натопи и се превива раната. Газата се менува секој ден а претходно раната се измива со млака вода.
- 40 гр. пчелин восок
- 200 гр. чиста свинска маст
- 1 дл. сок од невен (од свежи листови и цветови)
- Сите состојки се ставаат во водена купка и се меша се додека не се соединат. Се истура во соодветен сад и откако ќе се излади се затвара. Одлична маст за рани, опекотини и красти.
- 40 гр. вазелин
- 10 гр. ланолин
- 5-15 гр. прополис во прав
- Сите состојки се ставаат во водена купка и се меша се додека не се соединат.
ЗА НЕЖНА КОЖА
- Една лажица мед се меша во две чаши млака вода и лицето се плакне 5-7 минути.
- Потоа се мие со чиста вода.
БУБУЛИЦИ И ЧИРЕВИ
- Се помешува мед со малку брашно (колку да го спречи разлевањето на медот).
- Се става на бубулицата или чирот и се заврзува со газа.
- Се менува секој ден наутро и навечер и за брзо време чирот ќе пукне и раната зараснува.
ЗАБОБОЛКА
- Се става во устата една голема лажица мед, но не се проголтува веднаш, туку со јазикот се пренесува на болниот заб. За брзо време болките ќе престанат.
БРАДАВИЦИ И ЖУЉЕВИ
- Се загрева меѓу прсти мало парче прополис и се формира плочка (во големина колку што е брадавицата или жуљот) па се нанесува на брадавицата или жуљот.
- Преку тоа се залепува фластер и се остава три дена.
- После тоа фластерот се одлепува и жуљот или брадавицата треба да остане на фластерот.
- Ако ова не успее првиот пат постапката се повторува уште 1-2 пати и со сигурност успева.
УБОДИ ОД ПЧЕЛИ ИЛИ ДРУГИ ИНСЕКТИ
- Отеченото место се измива со медицински сапун и топла вода, па се премачкува со тенок слој на мед.
- По правило болката веднаш престанува.
ТРЕЗНЕЊЕ
- После добра пијанка се зема на два пати на половина час по 125гр. мед.
- Медот за брзо време ќе го согори алкохолот и после половина час ќе се чуствувате свежо како после спиење.
- Не се препорачува земање на поголема доза од препорачаната, бидејќи се јавува обилно потење и нагон за повраќање.
РАКИЈА СО МЕД
- На разблажен мед (1:3) со додавање квасец
- се остава да преврие т.е. шеќерот да се претвори во алкохол.
- Потоа со дестилација се одвојува алкохолот и се добива ракија од мед.
ВИТАМИНИЗИРАНИ МЕДОВИ
- Мешаме природен сок од грозје, јагода, цреша, морков или домат со мед во сооднос 1 кг. мед и 300 мл. сок.
- Оваа смеса им ја даваме на пчелите во хранилка приквечер.
- Ова се прави во беспашен период да пчелите не ја мешаат смесата со мед од природата.
- Треба да се напомене дека сиот вишок на мед треба да се извади од сандачето.
- Пчелите ќе го преземат медот од хранилката и ќе го преработат во мед со вкус и мирис на овошјето кое е додадено во медот.
ОВЕСНО-МЕДНА МАСКА ЗА СУВА КОЖА
- Се замаат 2 (супени) лажици овесни снегулки, 1 лажица мед, 30 мл млеко, 1 лажица маслиново масло и 3 капки сок од лимон.
- Сите состојќи добро се промешуваат и се нанесуваат на лицето.
- Маската се вади после 15-20 мин.
МАСКА ЗА СУВА КОЖА
- 2 супени лажици мед се загрева во водено купатило (сад во сад)
- па се помешува со 1 лажица несолено кравјо сирење и се нанесува на лице.
- Маската се отстранува после половина час со топла вода.
МАСКА СО ПОЛЕН
- 2 супени лажици мед се загрева во водено купатило (сад во сад)
- па се помешува со 1 лажица несолено кравјо сирење и се нанесува на лице.
- Маската се отстранува после половина час со топла вода.
ХРАНЛИВА МАСКА ЗА МРСНА КОЖА
- Се помешуваат две неразматени белки од јајце со 30 грама мед и половина лажиче бадемово масло или масло од праска се додека не се добие хомогена смеса
- потоа се додава две супени лажици овесни снегулки иситнети во прав.
- Маската добро цисти, влазни и ја храни мрсната кожа.
- Се остава 15-20 мин. па се отстранува со топла вода па со ладна облога.
КРЕМ ЗА РАЦЕ СО ПОЛЕН
- Половина шоља вазелин (шоља за бело кафе или чај)
- Половина шоља глицерин
- Половина шоља пчелин восок
- Две лажици полен
- Се топат вазелинот и восокот во водено купатило.
- Се додава глицеринот и смесата се загрева неколку минути додека не се загрее добро.
- Се додава поленот и се истура во соодветен сад додека смесата е врела.
МЕДОТ КАКО ЛЕК
Како еден од најпознатите и најдобрите природни производи, медот има хранлива вредност, содржи витамин Б6, калциум, бакар, железо, манган, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, цинк. Се поврзува со антиоксидансите и му помага на телото да ги апсорбира и да ги задржи калциум и магнезиум, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Како лек
Многу култури го користат медот за медицински цели, а има докази дека медот го одржува здравјето на човечкото тело и го чува во добра состојба во текот на целата година, велат научниците од Универзитетот во Орегон. Во некои ориентални култури медот се става во чај за намалување на лошиот холестерол. Ја олеснува болката во грлото, го поттикнува полесно варењето на храната и многу го користат за лекување на настинка, дијареа и гастритис.
Косата
Медот содржи природни супстанции кои ја прават бујна, и е многу корисна алатка за регенерација на сува и оштетена коса. Додавање мед на кој било препарат за вашата коса ја зголемува ефикасноста на овој препарат, затоа што медот ја омекнува косата и овозможува побрз продор на препаратот во неа. За да се зголемат еластичноста и мекоста на косата, се меша мед со пакување за нега на вашата коса. Помешајте го со маслиново масло и вашата коса ќе добиете неверојатен сјај. Освен тоа ќе можете со леснотија да ја расчешлувате и да правите било каква флизура. А мешавината од мед и лимон може да се користи за природен сјај на косата, која притоа нема да се оштетува.
За кожа
Во древните култури било вообичаено да се користи медот за капење. Клеопатра мешала мед и млеко и се капеле во него за нејзината кожа да биде мека и кадифена а го користела и за лицетозатоа што природно ја хидрира кожата. Го мешала со ореви, со цел да направи пилинг, за да ги отстрани мртвите клетки од кожата. Кога медот се меша со сок од свежи кајсии се добива одличен лосион кој на кожата и го враќа сјајот. Помешан со пченкарен скроб се користи за отстранување на бубулици и мали инфекции на кожата.
Антибактериско дејство
Медот природно ја намалува киселинтаа и ги убива бактериите кои можат да се населат во устата. Кога се меша со цимет, го елиминира лошиот здив, и се користи за лекување на благи болки во забот. Поради своите антибактериски ефекти, може да се користи за лекување на изгореници предизвикани од сонце, осип и други помали иритации на кожата. Исто така ја смирува кожата и е добар сојузник во борбата против стареењето. Добар е за лекување на рани, посекотини, помага при регенерирање на ткивото и ги намалува лузните.