Варово легло
Болеста Варовно легло ја предизвикува габичката Ascosphaera apis.
Болеста е претставена преку мицелии кои се долги кончести организми, по боја бели па мртвата ларва личи на вар. Телата во кои се формираат спори имаат сиво-зелена боја и служат за ширење на болеста. Затоа и во сандакот има 2 вида мумифицирани ларви и тоа бели и сивозелени. Пчелите ги исфрлаат надвор од сандакот, но доколку нивниот број е голем ги оставаат во некој агол на подницата.
Ларвата се заразува преку храната, и тоа најчесто на старост од 2-4 дена. Болеста по брзо се шири доколку дојди до преладување на леглото кое најчесто е концентрирано кон краевите каде повеке има трутовски ларви, па добиваме погрешна слика дека болеста има предиспозиција за трутовските ларви.
Инфицираната ларва е прекриена со кончести мицелиуми и постепено се претвора во бела креда која личи на вар. Доколку се образуваат спори ларвата добива сивоцрна боја.Некои од изумрените ларви се исушуваат во ќелиите, а пчелите не ги отклопуваат, па ако се протресе рамката се слуша звонење во ќелиите.
Отпорноста на спорите е доста голема, така што можат да преживеат во земја и до 15 години. Преку зима спорите не се развиваат туку остануваат во медниот желудник на пчелата и со појавување на ново легло во пролет и прихранување на истото болеста повторно се шири.
Ширење Болеста зафака поедини пчелни семејства кои се најмалку отпорни на оваа болест, а најчесто слаби пчелни семејства кои не се во можност брзо да ги исфрлат заразените и умрените ларвии и со тоа да ја спречат инфекцијата. Пчелите кои се изложени на влага и без доволно вентилација сесклони на полесно заболување од оваа болест, бидејки влагата и слабата вентилација ствараат одлична средина за ширење на оваа болест. Болеста се шири со грабежи како и со влегување на заразени пчели во туги сандаци, при прихраната на пчелите со мед исцентрифугиран од сандак кој бил заболен од оваа болест со што се пренесуваат спорите и јасно нејзиното ширење.
ЛЕКУВАЊЕ До денеска не е пронајден лек кој 100% ја лечи оваа болест. Правени се многу обиди со помал или поголем успех во лекувањето. Во продажба воглавно има лекови на база на НИСАНТИН Употребата на 1 гр Аскорбинска киселина со 1-2 гр конзерванс во пола литар шеќерен сируп доведува само до нагло активирање на пчелите и исфрлување на варовото легло, но не и до уништување на предизвикувачот на болеста во сандакот.
Во секој случај пчеларот треба редовно да ги собира исфрлените мумии пред сандакот и да ги спалува за да се намали проширувањето на болеста.
Според научниците со раствор од 0,7% ТИМОЛ доколку се попрскаат сите рамки и внатрешните зидови на сандакот со што се спречува растењето на Ascosphera apis.
Исто така некои пчелари препорачуваат во текот на цела сезона на пчеларникот да имаме сад со ВАРОВА ВОДА 2%
(се добива кога негасена вар ја ставиме во сад со вода и по извесно време кога ке престане реакцијата и ке се сталожи водата која е над варта е со концентрација на вар од 2% откако истата ке се потроши се става нова количина на вода и се промешува. Вака се прави се додека има вар а потоа процесот одново се започнува со негасена или гасена вар) од која пчелите ке пијат, ке го разладуваат сандакот а воедно и ке вршат дезинфекција на истиот. Па нели варта ја користиме за дезинфекција на нашите домови.
Дип.инж. Илков Игор