ВАРОА
Можеме да ја спречиме на повеке начини:
- Мравја Киселина
- Биолошки третман против Вароа
- Одварок од Пелин
- Оксална Киселина
МРАВЈА КИСЕЛИНА
Мравјата киселина веќе подолго време се користи во борба против вароата пред се затоа што не го загадува медот ниту останатите пчелни производи.
За работа со мравјата киселина се користат разни испарувачи и прирачни средства меѓутоа важно е да се напомене дека при работа со оваа киселина обавезно да се носат заштитни ракавици, маска, наочари и одело бидејќи мравјата киселина спаѓа во доста јаки киселини. Обично се купува во концентрација од 85% или 60%. Ако пчеларот сам врши разредување мора да се запамети дека секогаш киселината се тура во водата а не обратно.
За да добиеме 100мл киселина со концентрација од 60%, се зема 70мл мравја киселина со концентрација од 85% и се тура во 30мл дестилирана вода. Најдобро оваа постапка да се прави на отворено и при рака да се има секогаш поголем сад со вода.Обично се користи концентрат од 60% киселина која испарува за 24 до 48 саати. Се натопува сунѓераста крпа за миенје садови или картон со дебелина од 0.5 см. и димензии 20x20 см. Према јачината на пчелното друштво. За една улица со пчели за ЛР кошница се става 2 мл киселина а за ДБ по 3 мл. Ова се однесува за киселина со концентрат од 60%. Крпата или картонот се ставаат на сатоносците на плодисните рамови. Третирањето се врши кога дневната температуре не преминува 25 °C , а нокните не пагаат под 12 °C.
Картоните можат да се припремат и дома. Се натопуваат со киселина, се ставаат во ќеса за замрзнувач и се заваруваат со домасен заварувач за ќеси. Пред да се стават во пчелното семејство се отвараат 3-5 отвори (за јаките друштва 5 за слабите 3 отвори) на ќесата со пречник од 3-4 см. И се поставува така да отворите се надолу помеѓу две рамки. Ќесата се поставува на задниот дел од кошницата. Киселината ќе испари за 3-5 дена. Исто така а и побезбедно е картонот да се стави во ќеса и да се завари а пред ставање во пчелното семејство со шприц да се вбризга соодветна количина на киселина. Најдобро е ако натопената крпа или картон се стават во замрзнувач да замрзнат па така замрзнати се стават во пчелното семејство. Замрзнатата киселина не испарува а во пчелниот сандак треба околу половина цас да се загрее и да почне да испарува. За ова време пчелите се адаптираат и го избегнуваат почетниот шок.
Ако се користат шишенца од 30-50 мл, тогаш тие се полнат до врв и се прицврстува фитил преку кој киселината испарува. Обично ваквите шишенца се прицврстуваат на празна рамка. Ако се користи празен капак од тегла тогаш во него се тура околу 30 мл киселина и капакот се става над сатоносците. Над капакот се става парче картон поголем во димензии од капакот за пчелите да не дојдат во директен контакт со киселината. Одвреме навреме картонот треба да се поместува затоа што пчелите го лепат со прополис.
При третирање со мравјата киселина треба да се обрне внимание на пчелното семејство бидејќи киселината има јако дејство па мозна е загуба на одреден број пчели па и на матицата. Крајниот ефект е секако позитивен а мравјата киселина е и одлично средство за дезинфекција од ноземоза.
- Треба да се има во предвид дека при третманот со мравја киселина друштвото го намалува леглото
- Третманот се повторува после 7 дена во зависност од заразеноста на друштвото со вароа.
БИОЛОШКИ ТРЕТМАН ПРОТИВ ВАРОАТА
РАМКА ГРАДЕЖНИК
Кога ќе пристигне побогата паша на пролет, на една неожичена рамка се поставува една лента од сатна основа, широка околу 1 цм. Вака припремената рамка се става во плодиштето до леглото. После ден - два пчелите ќе ја изградат целата рамка со трутовски ќелии и матицата ќе ја занеси со неоплодени јајца. За осум дена леглото ќе биде затворено и ваквата рамка е спремна за претопување. Зошто е тоа така:
Пред затварањето на ќелиите со восочни капачиња, во нив влегува женка од вароата и положува неколку јајца. Кога сега веќе оштетениот трут ќе го прогризе капачети и ќе излезе, младата оплодена вароа се закачува на останатите пчели, ја дупчат и ја цицаат нивната хемолимфа. Затоа рамката градежник се претопува веднаш по затворањето на ќелиите. Оваа постапка може да се повторува неколку пати, се додека има солидна паша во природата.
ОДВАРОК ОД ПЕЛИН
- 900 грама сув пелин собран во период на цветање
- 50 грама сув пелин собран во период на вегетација
- 50 грама пупки од бор
Сите состојки се преливаат со 10 л врела вода и се вари 2-3 часа. Треба да одстои 8 часа на топла плоча на шпоретот и после тоа се цеди низ газа. Добиениот чај треба да се дава на пчелите во доза од 35 мл на еден литар сируп. Чајот треба да се употреби во рок од 10 дена.
ОКСАЛНА КИСЕЛИНА
Оксалната киселина е откриена во 1776 година и во природата се наоѓа во многу билки. Најмногу ја има во какаото, чоколадата, кафето, јагодите, зрнесто овошје, мангото, компирот, цвеклото, спанаќот и тн. Оксалната киселина лесно се раствара во вода и како природен елемент се наоѓа во медот. Признаена е од Европската унија како препарат за “органско пчеларење“. Се користи во вид на спрејови, со испарување или со накапување. Најбезбеден начин на третирање е со накапување каде ефикасноста во пчелна заедница без легло е до 99%.
Крлежот неможе да стане отпорен на Оксалната киселина. Киселината ги оштетува органите за варење кај крлежот и тој умира од глад.
Слаткиот раствор на оксална киселина не е опасен за човекот под услов да се превземат заштитни мерки. Обавезно при работа со оваа киселина да се носи маска, заштитни наочари, нараквици и заштитно одело. При рака стално да се има поголем сад со вода за измивање ако по некоја случајност киселината дојде во допир со кожата.
Накапувањето со сладок раствор (шеќет, вода и оксална киселина) дава одлични резултати во борбата со вароата. Се нанесува со поголем пластичен шприц со кој можеме да ја контролираме количината на раствор што ќе го накапаме.
Растворот се спрема на следниов начин: се загрева 1л. вода на температура од околу 40 степени и се додава 1 кг. шеќер во кристал. Откако ќе се растопи шеќерот се додава 75 грама оксална киселина во прав и се меша се додека не се растворат кристалите од киселината. Или поедноставно - 1,5л вода, 1,5кг шеќер и 100 гр. оксална киселина. Се накапува по 5 мл. на една улица со пчели. Растворот мора да е млак (околу 37 степени). Не смее да се заборави дека за време на припремата на растворот и третирањето на пчелите обавезно да се носи заштитна опрема. Најдобро време за третирање со оксална киселина е кога веќе нема легло во заедницата и температурата на воздухот е 0-10 степени.
Досега не се приметени несакани ефекти на пчелите при третирањето со оксалната киселина освен ако процентот на киселина во растворот е поголем од пропишаниот при што доаѓа до слабеење на пчелната заедница.